Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, поради неовластено снимање пред објектот на Судот, биле приведени М. И. (29) од Скопје – снимател од една македонска телевизија и Б.У. (35) од Косово – снимател на телевизија од Косово.Во координација и по насоки на Јавен обвинител, по извршениот разговор – лицата се пуштени. Од страна на СВР- Скопје ќе биде доставено известување до Основното Јавно Обвинителство за досегашните превземени мерки.