Седумнаесетгодишниот скопјанец Б.К. заработил пет убодни рани при расправија на неколку лица на Бит пазар, информираат од МВР.
Инцидентот се случил вчера околу 18 часот, на автобуската постојка на булеварот „Крсте Мисирков” кај Бит пазар, пишува либертас.
Повеќе лица најпрво започнале вербална расправија, по што на Б.К. со нож му нанеле 5 убодни рани во пределот на телото и рацете. Повредениот е пренесен во Ургентниот центар Скопје и е задржан.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.