Светлана Ражнатовиќ ја отвори душата и директно им се обрати на сите обожаватели. Таа во колумна за магазинот „Информер“ кажала се што и лежи на срцето. Цеца во текстот пишува за покојниот сопруг, децата, жолтиот печат и се она што длабоко ја вознемирува.
Нејзината порака ви ја пренесуваме во целост:
-Сакам веднаш на старт да не се лажеме. Јас не сум новинар, писател… Не умеам да пишувам така што ќе ве оставам без здив, да кренам прашина па за оваа колумна да се зборува со денови. Јас умеам да пеам, да ви го дадам срцето на дланка, да ве пленам со моите емоции. Со години растам со вас, покрај вас созреав, со вас дишам секој ден, живеам.
Бев на врвот, ме фрлија на дното, а вие одново и одново ми помагавте да се кренам во небесата. Бев мајка на нацијата и вдовица на воен злосторник… Ме редеа со злато и ме распнуваа на крст. На крајот сето тоа поминува, ми останувате само вие, мојата публика, мојот ветер во грб. Ви благодарам што бевте тука кога беше најубаво: кога го засакав, кога станав мајка, кога ги полнев салите …Ви благодарам што не ме напуштивте кога беше најтешко: кога ми го грабнаа него, кога ме тргнаа мене од вас, кога фрлаа камења по мене, кога удрија по моите деца…
Вие не баравте објаснување, на вас не ви требаше крв, ви беше доволно само да пеам…Низ песните јас се ви кажував. Знаевте кога плачам, кога сум среќна, дали сум сакана и дали сакам…Не беше потребно за тоа да читате. Знаете секогаш да процените кој зборува невистини за мене, а кој со право ме критикува. На вас не ви беше потребно другите да ви кажуваат дали сум среќна или тагувам.
Разбравте дека моите деца се исти како и сите други тинејџери, дури и тогаш кога ги нарекуваа дрски и разгалени. Вие мене ме сакате и кога не знаете со кого спијам, дали имам ново момче или засекогаш ќе сотанам сама. Не верувате во бројни афери поврзани со моето име, вие секогаш верувавте во мене. Дури и тогаш кога молчев. Вие ми го дадовте правото да сакам дури и кога сите мислеа дека немам право на тоа. Вие ме инспирирате да сакам, секој ден, секој момент и некого и секого…