Проданоски најави голема победа во Прилеп: „Ова е триумф на делата и чесноста“


Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, најави голема двојна победа на партијата и коалицијата уште во првиот изборен круг.

„Ова е победа на делата, на чесноста и на вистинските луѓе. Прилепчани покажаа дека ја препознаваат вистинската работа и вистинскиот човек. Ова не е само победа, ова е порака дека заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме“, изјави Проданоски.

Тој се заблагодари на граѓаните за поддршката и довербата, нагласувајќи дека ќе продолжи со уште поголема сила, верба и одговорност во реализација на започнатите проекти.

Да живее Прилеп! Да живее Македонија!“, порача Проданоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1