Продавале пилешко наместо свинско и говедско – казни за 5 оператори со храна


Пет оператори продавале мелено месо за ќебапи и плескваци со пилешко кое било декларирано како свинско, говедско или мешано меѓу говедско и свинско. Месото е повлечено од продажните места. Правните субјекти, односно операторите добиле парична казна од по 5 илјади евра, а одговорните лица од по 1.700.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов вели дека контролите биле спроведени во мај годинава на продажните места, но и кај операторите.

Оваа акција на Агенцијата за храна е дел од програмата за мониторинг на безбедноста и квалитетот на производите кои се продаваат на македонските пазари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1