Продажбата поважна од здравјето – фармацевти ширеле птичји грип за да им се продаваат вакцини


Одредени фармацевтски компании биле вклучени во стравичен криминален бизнис кој се засновал на ширење вирус на птичји грип, за да се докаже опасноста од оваа болест и со самото тоа, да обезбедат поголема побарувачка на вакцини.

vakcina_gripОва го тврдат италијански инспектори кои се уште се обидуваат да пронајдат докази за овие тешки обвинувања, но како што наведуваат, сигурни се дека бројни вируси се испраќаат од континент на континент како безначајни и безопасни пратки, па така изостануваат секаква контрола, а овозможуваат лесно распространување и заболување

Првите докази за овие срамни измами ги пронашле Американците, кои пред повеќе од 10 години, фатиле човек кој увезувал вирус во САД од Саудиска Арабија. Тој тогаш ги открил своите соучесници во криминалот, па полицијата ги уапсила и затворила.

Американскиот истражувачки тим, потоа добиле и сведочење од Паоло Кандоли, поранешен италијански менаџер на „Меријал“, ветеринарна гранка на американскиот фармацевтски гигант „Санофи Авентис“. Кандоли призна дека вирусот птичји грип лично го испратил во Италија во 1999 година, користејќи ги услугите на ДХЛ пошта. Собраните податоци, инспекторите од САД во 2005 година ги испратиле на италијанските власти. Интересно е дека токму во северниот дел на Италија беше најсилната епидемија на птичји грип меѓу живината во Европа. Вирусот беше Х7Н3- токму оној кој Кандоли го испраќал, а неговото забрзано ширење предизвикало инвестиции за истражување и купување на вакцини.

Кандоли во текот на признавањето говореше и за штетата на таканаречениот информативен тероризам, во кој биле вклучени медиумите, а кои на основа на податоците на СЗО ширеле вести за опасностите од вирусот. Италијанските власти одлучија истрагата да ја истераат до крај, а во тоа им помага и влијателниот весник Еспресо, кој на таа тема го посвети речиси целиот нов број.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1