Екс цариник со нож му се заканувал на Каргов дека ќе го убие


Ванчо Каргов, поранешен директор на царината, кој сега е на чело на Инспекцискиот совет, деновиве добивал смртни закани, јави Канал 5.
Заканите доаѓале од претходно вработен во Царинската управа, кој на два пати директно му се заканувал на функционерот дека ќе го убие. Тој пред два дена се појавил на вратата од домот на Каргов, викал, а ги вознемирувал и соседите.

vanco-kargov-17Првата закана Каргов ја добил пред пет дена, а заканувачот со себе носел и нож.

Каргов случајот го пријавил во МВР, а потоа преку скопското обвинителство предметот завршил во судот. По итна постапка врз основа на признание, лицето добило условна казна од две години затвор со можност да не заврши зад решетки доколку не направи кривично дело во наредните пет години.

Заканувачот добил условна казна само поради тоа што го признал делото.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1