Продолжен притворот за Игор Југ – се товари и за тероризам


Игор Југ останува во затворот Шутка. Ваква одлука донесе судијата на претходна постапка по барањето на јавното обвинителство откако истече 30-дневниот притвор кој му беше претходно одреден.

Основното јавно обвинителство, пак, ја прошири истрагата и сега го товари Игор Југ и дека преземал дејствија како водач на толпата која упадна во законодавниот дом на 27 април, но и за кривично дело тероризам.

Ваквата мерка обвинителството побарало од судот поради постоење опасност од бегство, попречување на истрагата, како и можност за повторување на делото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1