Се уште трае мистеријата околу малата Ана од делчевско Очипала, која за државата таа е жива, но родителите знаат дека Ана починала поради срцева мана во болницата во Штип, каде била испратена од делчевскиот педијатар, неколку часа по раѓањето, објави Канал77.
Поканата за прво одделение што ја испратило основно училиште од Делчево за Ана, ја отвори мистеријата, каде е чедото на Марина и Дејан Симовски и дали таа навистина починала во штипската болница?
Тогаш дежурниот педијатар во делчевската болница, Виолета Арсова, потврдува Дека детето било родено со тешка срцева мана и испартено со акушерка во штипската болница, потври и дежурниот педијатар Арсова, која била на работа денот кога се роди Ана. Според неа, во прашање е административна грешка.
Инаку, откако родителите добиле покана з а нивната мртва ќерка да тргне на училиште, тие извадиле и извод од матичната книга на родените и уверение за државјанство, што е доказ дека државата го води ова дете за живо. Сета оваа мистерија за семејството Симовски отвора болни спомени и траума, но и сомневања, дали нивното дете е живо некаде или е жртва на трговија со деца.
Полицијата и обвинитеството веќе работат на откривање на трагите и на одговорите – каде е Ана Симовска?