Професорката Силјановска поднела кандидатура до ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 9 кандидати за Конвенцијата


Вкупно девет кандидатури пристигнале до ВМРО-ДПМНЕ за претстојната Конвенција на која ќе се избира кандидат за претседател на државата, дознава Лидер од извори во партијата.

Изворот за порталот потврдува дека професорката Гордана Силјановска Давкова по иницијативата на 30 интелектуалци, кои побараа од неа да се кандидира за претседател, испратила кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај неа кандидатури поднесоа и пратеникот Владимир Ѓорчев, Филип Петровски и од уште шест други кандидати кои се помалку познати на јавноста.

Се очекува сите девет кандидати да учествуваат на Конвенцијата, која што ќе се одржи на 16 февруари во Струга.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1