Професорот го удрил ученикот? – детали за тепачката во ЕМУЦ


Тепачка меѓу професори и роднини на ученик се случи попладнево во средното училиште „8-ми Септември“ во Автокоманда, во кое има неколку паралелки од ДСУ „Владо Тасевски“ од албанска националност.

tepacka1-1-

Како што дознава Курир, целиот хаос настанал откако ученик од четврта година излегол од час кој го имал со класниот раководител и на училишното обезбедување му кажал дека бил удрен од професорот.

Набрзо потоа во училиштето дошле таткото и роднина на ученикот, кои влегле во училницата каде се наоѓал професорот и започнале вербална расправија со него, по што физички го нападнале. Во просторијата кратко потоа дошле и други професори при што настанала општа тепачка.

Во врска со овој случај од полицијата за Курир велат дека таткото и роднината се пожалиле на повреди и побарале лекарска помош, но не е позната нивната здравствена состојба. Со нив дополнително ќе биде извршен разговор во полиција.

Изјави се земени само од втората страна, односно од професорите, а класниот раководител на ученикот негирал дека го удрил детето.

За случајот известен е и јавен обвинител.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1