Прогноза на банкарите за 2015: Москва ќе банкротира, Британија излегува од ЕУ?


Целиот свет следната година го очекуваат многу предизвици, но и ситуации кои одредени држави ќе ги протресат до темел, тврдат експертите на данската Саксо банка во својата традиционална прогноза за драматични случувања настаната на основа на анализа на случувањата во 2014 година, пренесува НетПрес.

Според нив, 2015 година, ќе биде посебен предизвик за Русија поради вртоглавото паѓање на вредноста на рубљата, како и намалувањето на цената на нафтата во комбинација со сонкциите на Западот кои можат да придонесат за банкрот на Москва, а покрај ова, ни Европската Унија нема да остане поштедена.Putin

Спор во заедницата – Како што се покажа во претходните месеци, меѓу членките во Унијата постојат драстични разлики, посебно меѓу Британија и останатите земји, поради што се појавува можноста островската земја во следните месеци пред референдумот за тоа прашање да излезе од Унијата.

„Русија следната година најверојатно ќе ја погоди најсилната бура и ќе ја раздрма по што поголем дел од државните фирми нема да можат да си ги отплатат долговите. Тоа може делумно да биде причина од нејзиниот однос со ЕУ и Америка и неможноста да се пристапува кон странски извори на финасии“, објаснува главниот економист на Саксо банката, Стин Јакобсен и нагласува дека најголемата земја во светот мора итно да пронајде начин да се опорави, да сврти нов лист како што тоа го направи во момент на криза во 1998 година.

Пукање на пазарот – И покрај предвидувањето, кое доколку се дојде до него, драстично ќе ја промени сликата на светот од тоа што е сега, на прво место на листата на екстремни предвидувања на Саксо е пукањето на секторот на недвижности во Британија. Како што истакнува Јакобсен, цената во оваа област веќе вртоглаво падна и тоа за 25 отсто, а нивното понатамошно намалување ќе го сопре растот на економијата во земјата. Тоа носи и пораст на незадоволството на луѓето, а со оглед дека граѓаните веќе ја критикуваа Владата поради нејзиното вложување во ЕУ додека земјата пати, се претпоставува дека лошата економска ситуација уште повеќе ќе ги заостри односите меѓу Лондон и ЕУ.

„Британската партија за независност ќе освои 25 отсто од гласовите на општите избори на 7 мај 2015 година, со што ќе стане трета најголема партија во Парламентот“, стои во извештајот на данските економисти.

Белорусија и Казахстан ги заладуваат односите со Русија. Сојузниците го напуштаат Путин? – Медиумите пренесуваат дека изминатите неколку дена се заладиле односите на довчерашните сојузници, пред се Белорусија и Казахстан. Имено, вчера лидерите на овие две земји, Александар Лукашенко и Нурсултан Назарбајев се состанаа со украинскиот претседател Петро Порошенко, што може да се окарактеризира на начин дека ја поддржуваат политиката на Киев, а покрај тоа и дека се свртени кон европскиот пат.

Така, според извори на украинските власти, Лукашенко, кој не ги поддржа проруските сепаратисти, побара поддршка од Киев во настојување на Белорусија да се приближи кон ЕУ. Постојат и наводи на аналитичарите дека Лукашенко и Назарбајев веднаш по припаѓањето на Крим на Русија почнале да стравуваат за независноста на своите земји.

Инаку, вчера призврзаноста на Русија ја искажа Кина кога шефот на дипломатијата на оваа земја, Ванг Ји изјави дека Пекинг е подготвен во секој момент да и пржи економска помош на Москва доколку тоа е потребно.

Нет Прес

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1