Даниел (36) ја испил големата количина на вијагра додека бил кај пријател, а се уплашил кога почувствувал мачнина, вртоглавица и почнал да има халуцинации.
Даниел Медoрт проголтал 35 таблети вијагра, а последиците – петдневна ерекција.
-Се гледав во зелена боја и имав ерекција која не поминуваше. Не беше тоа баш постојана ерекција, но секој пат кога ќе се допрев до нешто доживував ерекција, и тоа траеше пет дена, вели тој.
Неговата жена викнала Брза помош, а тој бил задржан во болница неколку дена.
-Докторите изреагираа многу професионално, но видов дека се воздржуваат да не се изнасмеат, вели Даниел и додава дека жената му го простила овој блам, кој можел да заврши и многу полошо.
Иако, за среќа, тој немал потешки последици, предозирањето со вијагра може да предизвика и губење на свеста, излив на крвта во мозокот, па дури и смрт.