Производи кои никогаш не се расипуваат – ЛИСТА


Ова се 5 намирници кои слободно можете да ги искористите за подготовка на вкусни јадења кога и да посакате.

Мед

pet-namirnica-koje-se-nikada-ne-kvareМед може да кристализира или да ја промени бојата, но, поради своите антибиотски својства не може да се расипе. Медот да се чува на ладно, а ако кристализира, ставете ја теглата во топла (да не е врела) вода и размешајте додека не се врати во неговата првобитна состојба.

Шеќер

Без оглед дали станува збор за бел или кафеав шеќер, никогаш нема да се расипе. Која е тајната? Шеќерот им е непријател на бактериите, кои не можат да опстанат и да се размножуваат во шеќерот. Единствено треба да се погрижите шеќерот да биде во сув и добро затворен сад.

Екстракт од ванила

Поради алкохолот што го содржи, екстрактот од ванила нема рок на траење, а со текот на времето дури и созрева. Чистиот екстракт има повисок процент на алкохол и трае вечно, освен аромата од ванила, која неколку месеци после отворањето на кесичката се губи.

Сол

Солта ниту во најлош случај не може да се стврдне. За да го спречите тоа оставете го на суво и темно место, за да се зачува неговата структура.

Ориз

Рок на траење има само кафеавиот ориз, кој е помрсен и затоа може да се расипе. Меѓутоа, неговиот рок на траење може да се продолжи само ако се чува во затворен сад во ладна просторија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1