За влакно ќе не спржело сонцето во 2012 – а никој не ни кажал


Голема експлозија на сонцето за влакно ја избегнала Земјата пред две години, соопштија научници од универзитетот Беркли.

sonce ekplozijaДоколку се случеше тоа, ќе беше предизвикан општ хаос во земјиното магнетно поле. Ударот би бил посилен од оној во 1859 година, кога најголемата Сончева магнетна олуја ја погоди Земјата.

Експлозијата ја промашила земјата буквално за неколку дена. Кога еруптирало сонцето земјата веќе била на другата негова страна и така е избегната катастрофа.

– Да ја погодеше Земјата, ќе беше слично како во 1859, но влијанието ќе беше застрашувачко во овој модерен свет на технологија, вели физичарката Џенет Лухман.

Магнетната олуја во 1859 го уништи само телеграфскиот систем, сега ќе беа уништени, мрежните напојувачи, далеководите, комуникациските уреди и се смета дека вкупната штета ќе беше непроценлива

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1