Срби палат свеќи за мир во Македонија


Пред амбасадата на Република Македонија во Белград група граѓани запалија свеќи, со симболична порака за зачувување на мирот и избегнување на голем конфликт со оглед на се поголемите тензии во Македонија, објави српска Правдаsrbija svekji

Пораката од овој чин, како што изјавиле граѓаните, била дека на Македонија и е потребен мир, поради настаните во Скопје кои водат кон конфликт коишто, како што велат, можат да бидат почеток на страшен период на Балканот.

Настанот е организиран од Асоцијацијата на српските интернет медиуми од каде истакнуваат дека со овој симболичен чин сакаат да ја „разбудат“ јавноста, и да укажат на опасност од нова војна. Свеќите биле запалени како поддршка на македонскиот народ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1