Производите на „Пекабеско“ се безбедни и одговараат на барањата од Правилникот за адитиви.
Ова, како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, го покажаа анализите од лабораториските испитувања на мострите од преработките од месо земени во рамки на извршената вонредната инспекциска контрола од производствените капацитети на компанијата „Пекабеско“.
– Врз основа на извршените хемиски анализи за утврдување на евентуално присуство на полифосфати над максимално дозволените концентрации дефинирани со Правилникот за адитиви, со испитувањата потврдено е дека производите се безбедни, односно дека одговараат на барањата од Правилникот- стои во соопштението.
Анализирани се мостри од чаден свински врат, голд пилешко филе, свински врат, шунка деликатес, пилешки стек и свински бут.
– Агенцијата за храна и ветеринарство, како одговорна институција за безбедноста на храната, во рамки на редовните инспекциски контроли ќе обрне посебно внимание во поглед на употребата на адитивите во прехранбената индустрија- се вели во соопштението.