Шалтерите на Катастарот викендов ќе работат до 19 часот


Шалтерите во сите одделенија за катастар на недвижности во земјата, како и во Центарот за катастар на недвижност – Скопје  ќе работат од 8:30 до 19:00 часот, соопшти Агенцијата за катастар на недвижности.

KATASTAR

 

Катастарот ќе работи за време на викендот за да им овозможи на граѓаните да обезбедат имотен лист кој им е неопходен за навремено поднесување на барање за приватизација на дворните места.

Рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места истекува на 15 декември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1