Почина новинарот Мирослав Спироски


По кратко и тешко боледување почина новинарот и публицист Мирослав Спироски.

miroslav sirovski

Спироски најголемиот дел од својата новинарска кариера ја мина во НИП “Нова Македонија”, иако неговите први новинарски почетоци се врзуваат за Радио Кичево. Извесно време работи како дописник на МРТВ од овој град, а потоа ќе соработува со неделниците “Млад Борец” и “Студентски збор”, но и со дневниот весник “Вечер”. Од 1970 година тој ќе работи како новинар во “Нова Македонија” и во периодот што ќе следи Спироски тој ќе објави близу 24.000 аналитички статии, коментари, осврти, репортажи и други текстови. Токму како новинар во “Нова Македонија” ќе ги добие наградите за едногодишна дејност и за животно дело. Спироски е добитник на наградите “Крсте Мисирков” за новинарство и “Мито Хаџи Василев Јасмин” за публицистика.

Мирослав Спироски е автор на монодрамата “Лидија – невестата на светлината”, како и на делата: “Борба за автокефалност”,

“Света македонска мисија”, “Зад крстот”, “Прегратката со вистината” и “Летот на шаторските крила”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1