Албанец ги украл моштите на Св. Параскева во кичевско – уапсен е (ФОТО)


СВР Охрид поднесе пријава против 38-годишниот Албанец А.Д. од градот Дибер. Тој  на 11-ти овој месец од манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево земал три сребрени крста кои датираат од 1800 година, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“- предмети што претставуваат културно наследство на Република Македонија.

u675004_thumb_medium500_751

Тешката кражба во манастирот е извршена околу два часот наутро откако претходно насилно и со подесен алат, пријавениот го скршил цилиндарот од металната врата и резето од помошната просторија. Потоа насилно ја отворил дрвената врата од јужната страна на манастирот и извршил пребарување низ црковните простории по што насилно ја отворил и вратата за влез во олтарот. Оттука ги одзел гореспоменатите предмети и помал износ на парични средства. По извршувањето на тешката кражба, пријавениот А.Д. околу три часот наутро е приведен во близина на селото Брждани, на регионалниот пат Кичево-Битола, каде се обидел да избега со своето патничко моторно возило марка „Голф“ со албански национални ознаки.

На  А.Д. му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа и спроведен е во казнено-поправната установа во Тетово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1