Не ја убив, сама падна по скали – тврди обвинетата за убиство на 3 год девојче


Обвинетата за убиството на 3-годишното девојче Мевљан во април годинава остана на тврдењето – со нејзиниот невенчан сопруг не ја претепале малата Мевљан, туку самата паднала по скали додека тие ја чувале. Судењето за убиство на девојчето денеска беше одложено по вторпат, зашто првообвинетиот не го прифати адвокатот што му е доделен по службена должност.

Јасмина Махмут во судница го криеше лицето од камерите како и невенчаниот сопруг Џемаил Браими со кого заедно одговараат за убиството на тригодишната Мевљана-  по рочиштето застана пред камера и тврдеше дека девојчето на соседката не го претепале до смрт туку остана на првичната верзија што ја кажале и во полиција (дека паднало по скали).

mevljam-500
– Тоа не е вистина девојчето само си падна од скалите ние не ја утепавме, моите три златни деца година дена не ги гледав. Го чувавме тоа девојче ние не ја малтретиравме, вели Јасмина Махмут, второобвинета.

На наредното рочиште форензичрите од судска медицина јавно ќе објаснат зошто и како настапила смртта на малата Мевљана. Беа подготвени и за денеска но стартот на судењето по втор пат се одложи поради одбраната на обвинетите. Минатиот пат имаа ангажирано адвокат кој нема доволно стаж за да ги брани за убиство. Во меѓувреме не пријавиле нов адвокат па судот им доделил по службена должност. Но денеска не го прифатија рекоа дека  адвокат ќе им биде Звонко Давидовиќ кој денеска не можел да дојде. Судијката ги опомена дека ова последно одложување и ги потсети дека одговараат за многу сериозно дело. Но Давидовиќ за медиумите вели дека не им е адвокат. Разговарале но не се договориле.

Браими побара да биде пуштен од притвор за да си најде адвокат.  Махмут се брани од слобода  бидејќи има бебе старо само еден месец . Но другите три малолетни деца се во згрижувачко семејство и не смее да ги гледа и да контактира со нив бидејќи судот и определи времени мерки на претпазливост.

Мајката на Мевљана мирно стоеше во судницата. Не ни погледна кон поранешната сосетка која седеше веднаш до неа. Денеска не сакаше да коментира. По минатото рочиште побара двајцата обвинети да добијат доживотен затвор.

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1