На гратчето Колобраро, познат како проколнат град на југот на Италија, не сака никој ни да му се приближи.
Имено, кружи легенда дека ова гратче е плодно тло за раѓање на деца со аномалии, па така било забележано дека тука се раѓаат деца со две срца или три пара бели дробови.
Таму се забележани се и чудни, никогаш до крај расветлени сообраќајни несреќи на чудни кривини, а тоа е уште една од причините поради кои овој град ја понел титулата најпроколнат во Европа.
Името Колобраро се поврзува со зборот “coluber”, што е латински збор за змија. Сепак, дека градот е проколнат, потврдиле и легендите чии главни актери се еден адвокат и една вештерка. Приказната кажува дека Бјаџо Вирџилио, богат, локален адвокат, никогаш не загубил случај и имал многу непријатели. За време едно рочиште, ја предизвикал својата судбина со зборовите: “Доколку лажам, нека падне лустерот”. Токму во тој момент лустерот паднал, и од тој момент името на адвокатот е синоним за лоши работи, а потомците на овој адвокат засекогаш го напуштиле Колобраро.
Потоа, тука е приказната за вештерката, која зборува за еден антрополог кој го посетил градот со намера да пронајде жена која може да ја отстрани неговата клетва. Наишол на слаба и стара жена, која ја нарекувале “La Cattre”, и помислил дека таа му е потребна. Нешто подоцна, тој и неговиот истражувачки тим станале жртви на мистериозни несреќи. Токму затоа Колобраро станал познат и како “Град на вештерките”. Една потомка на оваа “вештерка” Елена Ди Наполи, која работи во туристичка организација во градот, истакнала дека нејзината прабаба не била вештерка, туку само стара дама која се вклопила во тоа што луѓето го замислуваат како вештерка.
Италијанците се познати како суеверен народ, и сите овие приказни го основале мислењето дека Колобраро е место за несреќи и чудни, нереални случувања.