Ова се идентификуваните лидери на терористите (Фото)


По обдукцијата на загинатите членови на терористичката група во кумановската Дива населба, МВР пред малку потврди дека е утврден идентитетот на командант НАТО, командант Бегу и на македонскиот државјанин Нусрет Каљоши.

mirsad

Во утврдувањето на идентитетот било вклучено и Бирото на Интерпол во Скопје. Засега е утврден идентитетот на Мирсад Ндрецај, роден на 17.06.1979 година од Косово, таканаречен командант НАТО, за кој постоеја сомненија дека е еден од лидерите на терористичката група. Пристигнала и потврда за идентитетот на Бег Ризај роден на 25.12.1977 година од Косово, познат како командатнт Бегу.

Од починатите, потврден е и идентитетот на Нусрет Каљоши роден на 18.04.1975 година, македонски државјанин.

terorist

Преку Интерпол стасала и потврда на идентитетот на Сами Укшини, роден на 10.10.1967 година од Косово, познат како Командант Соколи, кој се предаде во полициската акција во Дива населба.

МВР извести дека продолжува процесот на потврда на идентитетот на останатите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1