Груевски го образложи предлогот за новите министри


Јанкуловскла, Јанакиески и Мијалков поднесоа оставки, да придонесат за нормализација во државата и несакајќи да бидат причина за понатамошно продлабочување на кризата, вака премиерот Груевски го започна обраќањето на вонредната седница, која беше итно свикана на негова иницијатива.gruevskii

-Се работи за личности кои дадоа огромен придонес во текот на својата работа. Тие останаа  максимално професионални и  покажаа огромен патриотизам во време на турбуленции и предизвивици во земјава. Од нив можеше да се научи како се бранат интересите, како се прават рефоирми во МВР. Секогаш цврсто беа зад интересите на својот народ. Успешни операции се изведоа во периодот на нивното работење. Заслужуваат почит и поради нивната одлучна борба против криминалот.  Беа одлучни во намерата да ги исполниме нашите ветувања. Во нив имав и ќе имам огромна доверба, рече премиерот Груевски..

За Јанакиески тој рече дека е фанатичен работник, стручен и чесен човек и министер.

-Многу ќе ни недострасува во Владата, работеше и по 15 часа на ден. Тој беше дел од најкрупните реформи во Министерството за транспорт и врски, ќе остане запамтен, работник и пријател.  Јанакиески беше вистински стратег, министеркој остава зад себе многу дела и капитални проекти, истакна Груевски.

Предлагајќи ги Чавков и Мисајловски за нови министри, Груевски рече дека станува збор за луѓе кој во изминатиот период се длабоко навлезени во работата на министерствата и дека посветено ќе продолжат да ги спроведуваат и реализираат проектите на Владата.

-Станува збор за професионалци, без ниту една дамка, динамични и вредни. Убеден су м дека ќе дадат огромни резултати и ве повикувам да го прифатите мојот предлог, рече Премиерот пред пратениците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1