Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево, а во текот на денот од запад насекаде ќе се прошири облачност.
Попладне ќе има повремен дожд во западните и северните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 30 степени.
Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Од утре следуваат денови со претежно сончево време во претпладневните часови, а попладне повремено со услови за изолирана појава на локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаднат за два до три степени.