Полицијата го пронашла автомобилот на телохранителот на струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој пред исчезна пред неколку дена.
Автомобилот „Ауди А-4“ на 27-годишниот Уран Купа бил забележан во близина на автобуската станица во Дебар од страна на полицајци, но истиот бил заклучен
-По обезбедување на резервниот клуч и по добиени насоки од јавниот обвинител, извршен е криминалистичко-технички увид при што во внатрешноста на возилото забележани се одредени предмети и повеќе траги од биолошко потекло, информираат од СВР Охрид.
Целокупниот пронајден материјал ќе биде предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје