Пронајден автомобилот на телохранителот на Зијадин Села


Полицијата го пронашла автомобилот на телохранителот на струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој пред исчезна пред неколку дена.

Автомобилот „Ауди А-4“ на 27-годишниот Уран Купа бил забележан во близина на автобуската станица во Дебар од страна на полицајци, но истиот бил заклученzijadin sela

-По обезбедување на резервниот клуч и по добиени насоки од јавниот обвинител, извршен е криминалистичко-технички увид при што во внатрешноста на возилото забележани се одредени предмети и повеќе траги од биолошко потекло, информираат од СВР Охрид.

Целокупниот пронајден материјал ќе биде предаден на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1