Пронајден мистериозен предмет кај пирамидата на Сонцето во Босна (Фото)


Најверојатно сте слушнале за пирамидите во Босна, но не поверувавте дека се веродостојни. Ако ова не ве предизвика на обиколка на Пирамидата на Сонцето, нема ништо да ве поттикне – 260 метри од влезот во подземниот лавиринт наводно откриле еден мистериозен артефакт

VISOKO-piramidaИстражувањето на Босанската пирамида на Сонцето станува возбудлив актуелен археолошки проект на денешницаата.

На официјалната веб-страница на Фондацијата “Археолошки парк: Босанска пирамида на Сонцето” беше објавен извештајот на археолошкиот менаџер на Фондацијата за 2013 година Тим Мун од Нов Зеланд.

Во извештајот Мун го опишува во детали процесот на пронаоѓањето и датирање на јаглеродот на фосилниот лист пронајден меѓу два реда на бетонски блокови на Босанската пирамида на Сонцето, кој го определи староста на пирамидата од 29.200 (+/- 400) години.

Покрај тоа, неодамна е откриен необичен предмет за кој подоцна е утврдено дека е ергономски прилагоден на човечка рака и симболи кои сѐ уште не се дешифрирани.

За сите оние кои мислат дека и понатаму станува збор за измама, УНЕСКО во Ханој (Виетнам), неодамна беше домаќин на пронаоѓачот на пирамидите Др. Семир Османагиќ.

bos.pramida-660x515

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1