ПРОНАЈДЕН РУСКИОТ АВИОН: Се слуша плач на преживеани


Министерството соопшти дека остатоци од авионот биле пронајдени во близина на аеродромот ал-Ариш, а египетските власти веднаш испратиле 45 возила на итна помош на местото на несреќата.

Во авионот Ербас А320 на компанијата Kogalmavia, што летал од Шарм ел Шеик кон Санкт Петерсбург, имало 217 патници и седум членови на екипажот.

Рускиот авион Ербас А-321 се урна претпладнево во Египет, 23 минути по полетувањето. Спасувачките екипи веднаш се упатија на местото каде е паднат авионот, а според новите информации се слушаат гласови од трупот на авионот што влева надеж дека има преживеани.686564_avion-1-avion-sinaj-copy_ff

Семејствата на патниците чекаат на аеродромите во Русија информација за загинатите.

-Постои уште еден дел од авионот со патници и спасувачките екипи се обидуваат да влезат со надеж дека ќе пронајдат преживеани, со оглед дека се слушаат болни извици на луѓе, наведе претставник на властите во Синаи.

Според последните информации, пронајдени се пет деца кои погинале во несреќата.

Рускиот претседател Владимир Путин изрази најдлабоко сочувство до семејствата на погинатите во патничкиот авион, пренесоа руските агенции.686570_nestali-avion-rodjaci01tanjugfoto-ap_ff

Тој наредил веднаш да им биде обезбедена помош на семејствата на погинатите.

Руското министерство подготви три авиони за спасување, како и мобилна работна група за помош при несреќи и катастрофи.

Египетскиот врховен обвинител генералот Набил Садек нареди истрага во врска со падот рускиот авион. Формиран е тим на обвинители со цел да одат на местото на несреќата и да ги истражат деловите на авионот.

Руската амбасада на Кипар, ги проверува околностите под кои се случи несреќата.

По одложувањето на потрагата, поради лошите временски услови, египетските спасувачки тимови го лоцираа местото на падот на авионот во областа Хашан, 35 километри јужно од градот Ал Ариша, на медитеранскиот брег на Синаи.

Одредени медиуми шпекулираат дека авионот нагло ја променил брзината на спуштање во последните 20 секунди пред да исчезне од радарот. Официјални информации се уште нема.

Авионот се урнал во планинското подрачје во централен Синај, а лошите временски услови го отежнуваат пристигањето на спасувачките екипи на местото на несреќата.

Воздухопловните власти во Египет загубиле контакт со рускиот авион веднаш по полетувањето. Според руските медиуми, пред исчезнувањето од радарот рускиот авион побарал слетување на најблискиот аеродром.

Како што рекоа извори од аеродромот во Каиро, авионот бил на височина поголема од 9.000 метри, кога пилотот побарал слетување заради дефект на радио уредот. Потоа врската била прекината.

Нема индикации дека леталото било соборено, рекле извори во египетските безбедносни служби.

Инаку, исламските милитанти се активни во делови од Синај.

Рускиот претседател Владимир Путин побарал од премиерот Дмитриј Медведев итно формирање на комисија која ќе ги истражи околностите што довеле до падот на леталото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1