Руски авион со над 200 патници се урна во Египет (Видео)


Руски авион со 217 патници и седум члена на екипажот се урна во централен Синај, потврди египетскиот премиер Шариф Исмаил. Меѓу 224 лица кои биле во авионот, кој летал од Шарм ел Шејк за Санкт Петербург, имало 17 деца, 200 возрасни патници и седум членови на екипажот.

Египетските контролори на воздушниот сообраќај соопштија дека го изгубиле контактот со патничкиот авион ербас A321 кратко по полетувањето од одморалиштето Шарм ел Шеик кон Русија, пренесува Ројтерс.rr5-630x289

Руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на неименунвани извори од меѓународниот аеродром во Каиро објави дека пилотот пред авионот Боинг А320 да исчезне од радарите побарал принудно да слета на најблизок аеродром.

Авионот бил на височина од над 9.000 метри кога пилотот известил за проблеми со радиостаницата и побарал принудно слетување. Потоа врската со авионот на руската воздухопловна компанија „Когалимавија“ е изгубена.

Медиумите во Египет известуваат дека се пронајдени остатоците и дека на местото на несреќата се испратени најмалку 45 екипи за прва помош. Околу 100 тела досега се извлечени од остатоците од авионот, пренесе Тасс. Египетските безбедносни извори изјавија дека во авионот биле главно руски туристи, меѓу кои и 17 деца. Авионот се расцепил на два дела, јави Раша тудеј.

Авионот се урнал во планинскиот регион на централен Синај.

„Нема индикации дека рускиот патнички авион е соборен“, рекоа египетски безбедносни извори. Северен Синај е место каде што веќе две години се одвива исламистички бунт и каде што престојуваат борци на Исламска држава.

Михаил Робертсон од сервисот Флајт радар 24 изјави за Би-би-си дека авионот паѓал со голема брзина – 1.500 метри за само една минута. Податоците од летот покажуваат големи промени во вертикалната брзина во последните 20 секунди.

Центар за помош на семејствата на патниците е формиран на аеродромот Пулково во Санкт Петербург.

Ербас A321 го одржувала руската компанија Когалимавија.

Информациите во врска со судбината на авионот првично беа контрадикторни – прво беше најавено дека авионот е на безбедно и дека влегол во турскиот воздушен простор, потоа дека исчезнал над Кипар, но сепак египетскиот премиер потоа соопшти дека се случила голема трагедија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1