Пронајдени остатоците на авионот кој се урна во Мали, нема преживеани


Пронајдени остатоците од алжирскиот авион кој денеска се урна во Мали. Авинот е лоциран во северниот дел на Мали каде претходно му се изгуби трагата додека летал од Буркина Фасо кон Алжир. Несреќата не ја преживеал ниту еден од патниците и членови на екипажот.

alzir avionФранцуски борбени авиони ги пронајдоа остатоците од алжирскиот авион кој денеска се урна во Мали. Авинот е лоциран во северниот дел на Мали каде претходно му се изгуби трагата додека летал од Буркина Фасо кон Алжир. Сосем е извесно дека несреќата не ја преживеал ниту еден од вкупно 110-те патници и шестмината членови на екипажот.

Авионот на компанијата „Ер Алжир“ МД 83 летал од главниот град на Буркина Фасо кон престолнината на Алжир, а најголемиот дел од патниците биле француски државјани. Освен Французи, во авионот имало и државјани на Буркина Фасо, Алжир, Либан, Канада, Луксембург, Швајцарија, Нигерија и Камерун.
Навигациските служби изгубиле секаков контакт со посадата педесетина минути по полетувањето, а малку пред да прекине комуникацијата пилотот барал промена на курсот на летањето, наводно поради голема бура во регионот каде што минувал и бидејќи стравувал дека е можно да дојде до судир со друго летало.
МД 83 бил сопственост на шпанската компанија „Свифтер“, но бил земен под наем од страна на алжирската компанија „Ер Алжир“. Светските агенции јавија дека пред пет години авионот бил сопственост на фудбалскиот гигант Реал Мадрид.
Ова е трета голема несреќа на патнички авион во една недела, по соборувањето на малезискиот авион над Украина и по падот на авионот на “Трансазија“ во Тајван.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1