Пронајдени родителите на оставеното бебе – таткото го малтретирал насилно го одзел и оставил


Во алкохолизирана состојба, по претходна расправија, таткото на бебето кое во саботата вечерта беше оставено на хауба во центарот на Скопје, и го одзел на мајката.

Двајцата родители кои живееле во вонбрачна заедница се расправале околу барањето на таткото да го земе детето и да проси со него.

cring babyОткако мајката не сакала тоа да го дозволи, таткото насилно и го одзел бебето и почнал да бега.

Бебенцето најдено на хауба било тепано по глава – има хематоми на главчето

Со бебето во раце, несовесниот родител бил забележан од страна на група граѓани, кои вечерта во саботата седеле во кафуле во близина на местото каде бебето беше оставено.

Откако неговото однесување им паднало сомнително, почнале да го прашуваат каде оди со бебето, а тој исплашен, мислејќи дека мајката го пријавила, почнал да бега, по што го фрлил бебето на хаубата на автомобилот и избегал.

Граѓаните вечерта го пријавиле случајот во полиција, по што започнува истрага за пронаоѓање на сторителот и родителите на детето.

Случајот почнува да се расчистува кога вчера по 12 часа од кога и било одземено детето, мајката пријавила во полиција.

Утринава полицијата го обезбедила таткото и е утврдено дека против него ќе бидат поднесени кривични пријави за запуштање на малолетно лице, тешка телесна повреда при семејно насилство и загрозување на сигурноста.

Бебето е згрижено на Детската клиника, каде се наоѓа во добра здравствена состојба.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1