Индонезиските власти соопштија денеска дека забележале неколку тела во водата во близина на местото, каде последен пат е виден исчезнатиот авион на „Ер Азија“.
Локалните телевизии прикажаа снимки на кои се гледа најмалку едно тело на површината на водата.
– Телата се донесени на брод на индонезиската морнарица, изјави шефот на Националната спасувачка служба, кој додаде дека на телата немало појаси за спасување.
Властите претходно потврдија дека остатоците забележани во Јаванското Море денеска за врема на потрагата од воздух му припаѓаат на исчезнатиот авион на „Ер Азија“.
Авион со 162 патници исчезна утрото во неделата поради лошите временски услови на летот од индонезискиот град Сурабаја до Сингапур.