Цеца за влакно избегнала несреќа


Додека патувала, пред нејзиниот автомобил возел камион од кој во еден миг паднал камен и удрил во шофершајбната од возилото на пејачката.

Цеца Ражнатовиќ постојано е по патиштата, патувајќи од град во град, од држава во држава каде што има настапи. Но, неодамна фолк-дивата за малку избегнала несреќа од посериозни размери.

ceca2-620x400

Имено, додека патувала, пред нејзиниот автомобил возел камион од кој во еден миг паднал камен и удрил во шофершајбната од возилото на пејачката. Благодарение на нејзиниот возач избегната е поголема несреќа, но ова не е прв инцидент од ваквов тип. Истото и се случило и пред неколку месеци кога беше во Бугарија на настап.

За среќа, настапот на фолкерката на наш терен помина без никакви безбедносни проблеми, а Цеца во Скопје дојде со приватен авион.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1