Пронајдено девојчето кое исчезна по убиството на нејзините родители – после три месеци


Тринаесетгодишната Џејми Клос е пронајдена на улица Гордон во американската сојузна држава Висконскин, бидејќи пред три месеци без трага исчезна во ноќта кога нејзините родители, Џејмс и Денис Клос, беа застрелани во семејната куќа во соседен Барон.

Неименувана учителка од Гордон вчера го шетала своето куче кога ѝ пришло слабо и нешелано девојче со преголеми чевли и ја замолила да ѝ помогне.

-Јас сум Џејми Клос. Ве молам викнете полиција – преколнувало девојчето.

Избезумената жена ја препознала и штом видела дека цела Америка ја бара 3 месеци, ја фатила за рака, истрчале до најблиската куќа и повикале полиција.

Вознемиреното дете одбило храна и вода, но затоа го прегрнала семејното куче.

Десет минути подоцна уапсен бил маж осомничен за нејзино киднапирање. Властите молчат, но можно е тој да ги убил Клосови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1