Во селото Дивци кај Ваљево, пронајдено е 15-годишото момченце кое беше киднапирано вчера.
Случајот во полиција го пријавија неговите родители, а момчето чиј идентитет не се открива, било врзано со јаже и фрлено на магистралниот пат за Белград.
Според информациите на српскиот Курир, случајните минувачи кои го забележале веднаш повикале полиција и Брза помош, а момчето било итно пренесено на Интензивна.
Момчето на полицијата и раскажало дека не се сеќава на ништо освен дека било во црн автомобил.
Полицијата се уште го истражува случајот.