Компанијата Deep Ocean Search извлече товар од британскиот брод City od Cairo од длабочина од 5.150 метри во средата во висина на крајбрежјето на Намибија (2.000 метри подлабоко од местото на потонувањето на титаник).
Бродот, кој бил потопен во Втората светска војна, пренесувал лиено железо, волна, но она што е најважно- и сандаци со сребрени пари во вкупна вредност од 50 милиони долари.
Станува збор за технички подвиг без преседан. Компанијата Deep Ocean Search, која собира француски и британски експерти за отворено море, даде се од себе да го пронајде потопеното благо. Дури изгради единствен сонар кој може да истражува океани на длабочина од 6.000 метри.
Според британскиот закон, „ловците на благо можат да ги задржат пронајдените драгоцености доколку се работи за брод на британската морнарица“.