Проститутка до смрт претепала пензионер во неговиот дом од милион долари


Винстон Фернандез, пензиониран сметководител од Велика Британија бил брутално претепан од страна на проститутката Наталија Вули.

Сметководителот кој имал фрактура на черепот и 17 скршени ребра, бил пронајден месец дена по неговата смрт. Наталија се бранела дека тоа не било нејзина вина и дека била во самоодбрана.


По смртта на неговата жена, 69 годишниот Фернандез утеха побарал во проститутките, а со Наталија се запознал најпрво преку месенџер. „Девојка за 600 долари„ бил надимакот на Наталија на четот, на кој што Фернандез постојано и пишувал.
Наталија изјавила дека Фернандез премногу се опивал, а во еден момент ја заклучил во една од собите откако претходно ја полеал со вино.
Обдукцијата покажала дека Фернандез не можел ниту да дише ниту да се помрдне за да побара помош.
„Ме нападна, беше премногу пијан. Ме заклучи во шпајзот и ме полеа со вино. Успеав некако да излезам и го турнав на креветот. Со главата удри во тврд предмет, по што јас побегнав“, изјавила Наталија која по самиот настан го променила бројот на телефонот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1