Светски владетели џабе ви е – интернетот нема OFF копче – порача таткото на интернетот


Тим Бернерс-Ли, Британскиот пронаоѓач на World Wide Web, WWW, ги предупреди владите во светот дека џабе им е да се обидуват да го блокираат интернетот. Однапред сте осудени на неуспех, бидејќи интернетот нема OFF копче.

“Начинот на кој интернетот е дизајниран е како децентрализиран систем”, објасни тој во Лондон и додава дека во овој момент, бидејќи земјите се поврзани едни со други на многу различни начини, не постои прекинувач, не постои централно место каде што можете да го исклучите или контролирате целиот интернет.

” За да тоа се случи мора сите влади да се договорат тој децентрализиран систем да го претворат во централизиран систем. И не верувам дека тоа ќе се случи еден ден, бидејќи народот, корисниците веќе ја сваќаат потребата од комуникацијата и ќе се борат со секоја таква намера.” вели Бернерс-Ли

Шведска излезе на врвот на светската табелата на земји кој го користат интернетот, САД беше втора, пред Велика Британија, Канада и Финска. Франција дојде на 14 место, Јемен е рангирана на дното, тука се и  Зимбабве, Буркина Фасо и Бенин.

Бернерс-Ли, го лансираше првиот веб-сајт за Божиќ 1990 година. Тој е заслужен за создавањето на World Wide Web, која им овозможува на корисниците пристап до информации преку интернет.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1