Може ли силен земјотрес во Иран да предизвика земјотрес и на Балканот?


Големи земјотреси во некои делови од светот, можат да предизвикаат потреси и на други места, ширум планетава, тврдат во извештаите американски научници за новото истражување кое го спровеле за Универзитетот Беркли од Геолошкиот преглед на САД (USGS).


Тековните потреси низ целата планета настануваат доста брзо, обично во подолг временски период од недела дена, по настанувањето на првиот земјотрес. Резултатите од истражувањето по ова прашање од страна на сеизмолозите може ќе биде причина за измени на досегашните дефиниции за тековните потреси.
Тие всушност досега се сметаат за земјотреси кои се случуваат во регионот непосредно околу подрачјето на погодениот дел од голем земјотрес, како и фактот дека тоа се земјотреси кои што можат да се случат насекаде низ светот.
„Земјотресите се огромна природна сила која подразбира комплексни механизми на физичка сила и рушевини во временски и просторни размери, кои не можат да се создадат во некја лабораториска средина“, изјавила Марша Мекат, директорка на USGS.
Необичните настани на огромни пропорции, како што беше земјотресот што се случи во април во источниот дел на Индија, претставуваат можност за следење на реакцијата на планетата во моментот кога настанал земјотресот и по 100 години потоа и која може да не донесе во приближување на разбирањето на мистериите за настанувањето на земјотресите“, вели таа.
Во април во Индискиот океан бил регистриран земјотрес од хоризонтален тип со сила од 8,6 степени на Рихтеровата скала, најголемиот забележан земјотрес во историјата. Единствената заштита од ваквите земјотреси е цврста градба.
„Ако не прашавте пред година дена, дали ваков силен земјотрес е можен, ќе ви се насмеевме“, вели Томас Хелтон, сеизмолог од Калифорнискиот универзитет за технологија.
Ваков необичен случај испраќа сеизмички бранови од целиот свет, а за шест дена по земјотресот во април, бројот на земјотреси ширум светот е со јачина од пет степени на Рихетеровата скала или петпати повисоко од вообичаено. На крајот Хелтон заклучува дека ова истражување, колку и да е интересно не ги подобрува можностите за благовремено предупредување од земјотресите и дека единствената, колкава толкава заштита претставува цврстата градба.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1