Пред Основното јавно обвинителство денеска напладне, една година по смртта на малата Тамара од Велес, се одржа протест на група граѓани, на кој беше присутна и нејзината мајка.
Граѓанските активисти протестираа поради, како што посочија, едногодишниот молк на оваа институција за кривичните пријави со кои се бара одговорност од надлежните за смртта на деветгодишното девојче.
Основното јавно обвинителство вчера преку соопштение информира дека по допрен глас за случајот на Тамара Димовска од Велес, оформило предмет, спровело низа дејствија, при што како осомничени се јавуваат повеќе лица за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од чл. 353-в од Кривичниот законик.