Граѓани и денес пред објектот на Владата излегоа на протест по третата „бомба“ која вчера ја обелодени СДСМ. И денеска се скандираат „Уа!“ и „Убијци“.
На бели листови на заштитната ограда залепени се листови на кои пишува „Слобода за Љубе“, „Слобода за Македонија“.
Просториите на Радио Слободна Македонија (РСМ) кои се наоѓаат веднаш спроти зградата попладнево биле мета на незадоволните протестанти, кои започнале да тропаат по прозорите и да извикуваат недолични зборови, вели исплашена новинарка која била во просториите на радиото, објави Курир.