Протест против масовното канцерогено загадувањето во понеделник


Граѓанските иницијативи и здруженија од Скопје, Битола, Тетово и другите загадени градови од Македонија во понеделник во 17 часот пред Владата на Република Македонија ќе излезат на протест и ќе побараат од надлежните да не го релативизираат проблемот со загадувањето и конечно да преземат мерки.Izlezi-za-vozduh-flaer-MKD-final_Page_1-640x320

Извештајот на светска банка изнесува загрижувачки 1,350 смртни случаи годишно од загадените честички кои ги внесуваме, што не сместува на петто место на смртност од загадувањето во светот.

Демонстрантите во понеделник ќе истакнат сет краткорочни и долгорочни мерки против загадувањето, бидејќи, како што велат, властите не преземаат ништо во врска со тоа.

Честичките предизвикуваат рак на белите дробови, а во нив содржат метали, прашина и честички создадени од согорување. Здруженијата велат дека е крајно време целиот народ да покаже дека загадувањето не е мала работа и дека властите треба да преземат нешто веднаш.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1