Протест „Време е за чист воздух“


Граѓанската иницијатива „Време е за чист воздух“ организираше протестен собир против загадувањето пред градското собрание односно пред инспекторатот на град Скопје.

Со паролите чист воздух здрави деца, ставете налепници на тешката индустрија и стоп за загадувањето група граѓани преку фејсбук иницијативата се собраа да го искажат својот револт од немањето конкретни резултати во борбата со загадувањето.

Организаторите на протестот од граѓански организации за борба со загадувањето предлагаат во време кога загадувањето е големо тешката индустрија да прекине со работа и да се воведат еколошки стандарди кај целата индустрија која според нив е сериозен загадувач.

Организаторите на собирот порачаа дека мора итно да се преземат мерки за отстранување на опасниот линдан од ОХИС како и запирање на градежните работи во деновите кога загадувањето е високо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1