Протест за Абдулфета Алими – и Села на протестот


Демонстранти се собраа пред споменикот на Скендер Бег, од каде ќе се упатат на протест кон кривичниот Суда, против одлуката на Судот Абдулфета Алими да биде осуден на 7. години затвор за настаните во Собранието.

На протестот, како што пренесува Фокус, излезе и претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, според кој осудениот Абдулфета е херој кој му го спасил животот во упадот во Собранието.

Инаку, за разлика од Села кој тврди дека Алими е херој и дека го спасил, обвинителката Вилма Рускоска вчера тврдеше за ТВ21, дека Алими не го спасил Села, туку дека тоа го направил демонстрант по име Тони. Изјави дека ако Абдулфета добро си ја вршел работата, немало да има потреба никого да спасува.

Инаку, вчера синот на Абдулфета, Бурим Алими, на ТВ21 повика на протестот за неговиот татко, нарекувајќи го случајот политички монтиран.

– „Ние заедно како семејство, со многу роднини и пријатели на татко ми, презедовме иницијатива за да го изразиме нашето незадоволство, бидејќи сметаме дека мојот татко е жртва на политички монтиран случај. Татко ми на 27 април беше на ниво на задачата, штитејќи ги пратениците во Собранието. Во име на Иницијативниот одбор, ги повикувам сите граѓани без разлика, како и оние кои се засегнати со случаите кои им се монтираат на Албанците. Монтираните случаи за Албанците не престануваат, па затоа ве повикувам сите да ни се придружите и заедно да го кренеме гласот на разумот и да побараме правда за нашите блиски кои неправедно страдаат. Нашиот апел е да им кажеме „стоп“ на сите политички монтирани случаи, бидејќи ние нема да застанеме и ако има потреба, правдата ќе ја бараме во повисоките инстанции во Стразбур“, изјави Бурим Алими.

Доцна синоќа во гостувањето на ТВ21, и обвинителката Вилма Рускоска се огласи за казните за 27. април и за обвинетиот Абдулфета, па кажа дека не го спасил тој Зијадин Села, туку дека тоа го направил демострант по име Тони.

– Абдулфета да си ја изврши работата и задачата немаше да треба никого да спасува. Зијадин Села го има спасено еден од демонстрантите, кажа помогнете го утепавте човекот мртов е и го донесе во ресторанот на пратеници и дури тогаш доаѓа Алими и помага на Тони. Не е точно дека Абдулфета го спаси и ќе повторам, да си ја вршел работата немаше да треба никого да спасува. Тони бил и во Брзата помош и чекал додека траела операцијата, а кога го сместиле на Интензивна си заминал и рекол „од мене толку”, завршува Рускоска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1