Денеска е Младенци, ова се сите поврзани обичаи


Денеска е Младенци, празникот на љубовта и младоста.

Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

Именден празнуваат: Младен, Младенка и др.

Вечерта спроти празникот, младите, девојките и момчињата, изведувале повеќе обичаи т.н. гатање за брак, преку кои настојувале да ги дознаат своите идни брачни другари.

-девојките сечеле прачка од дудинка (црница, муренка) и ја ставале како мост преку некоја бразда или поток и верувала дека ноќта ќе го сони момчето за кое ќе се омажи.

-вечерта спроти прзникот да се собираат 40 бели камчиња што се ставле во ќошовите на дневната соба. Утрото на празникот тие се враќале во реката пред да изгрее сонцето и се верувало дека на тој начин ќе се обезбеди здравје за целото семејство.

На овој празник се изведувале и обичаи со кои се прогнозирало колку ќе биде родна годината. Утрото веднаш по станувањето се земала првата гранка до која ќе се допрел човекот, таа се горела и пепелта од неа се сеела. Потоа се гледале покрупните остатоци во ситото. Ако личеле на пченица таа година повеќе ќе родела пченицата, ако личеле на пченка, просо или нешто друго значело дека овие земјоделски култури ќе родат повеќе.

Денес, многу од овие обичаи се заборавени. Но, сепак, празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1