Протести пред и во близина на Уставниот суд


Два протеста пред Уставниот Суд– едната група тврди дека го брани највисокиот правен акт а другата институцијата задолжена да го чува. Иако првично најавија т.н. „бдеење на Уставот“ до утре активистите на „Ајде“ и СДСМ се разотидоа уште вечерва. Пред почетокот на протестот побараа оставка од 5-те судии кои гласаа за да отпочне постапката за измени во законот за помилување. За Заев пораките од протестот треба да ја вратат правдата во државата.protesti ustaven

Од граѓанската платформа „Ајде“ пред почетокот на протестот најавија дека ќе останат до утре и ќе ги пречекаат уставните судии кои на седница треба да одлучат за иницијативата да се прогласат за неуставни дел од одредбите на законот за помилување за тешки кривични дела, меѓу кои и изборен криминал.

И додека социјалдемократите и граѓанските активисти се дигнаа против институциите повеќе од 6000 граѓани се собраа пред Уставниот суд со поддршка за ГРОМ кои застанаа во одбрана на уставниот поредок. За Стевчо Јакимовски целта на Заев и првите луѓе од партијата е создавање на двојни институции и раздвојување на народот.

Двата протести се случуваат ден пред Уставниот суд да ја донесе конечната одлука за правото на претседателот да помилува за повеќе тешки кривични дела меѓу кои и изборни нерегуларности. Собранието во два наврати даде негативно мислење односно порача дека законот треба да остане онаков како што е. Сепак, ова не е обврзувачко и судот конечната одлука ќе ја донесе со просто мнозинство.

Alfa.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1