Пресметка во Брисел: Полицијата убила еден од напаѓачите кои застрелале 4 полицајци


Полицајците биле нападнати за време на рацијата во една куќа, извршена во врска со терористичките напади во Париз кон крајот на минатата година, соопшти белгиското сојузно обвинителство. Полицијата ја затворила населбата Форест, а полициски хеликоптер го надгледува местото на нападот.

За време на рацијата во една куќа во Брисел, извршена во врска со терористичките напади во Париз кон крајот на минатата година, била нападната полицијата, соопшти белгиското сојузно обвинителство.03-brisel-napad

На почетокот, полицијата одбила да го коментира извештајот на медиумите дека упадот во куќата го извршиле припадници на контратерористичката единица, но набрзо од обвинителството било потврдено дека операцијата е поврзана со потрагата по осомничените за терористичките напади во Париз во ноември минатата година.

Ерик Ван Дер Сипт, портпаролот на сојузниот обвинител, потврдил дека било пукано во полицајците, наведувајќи дека потрагата била поврзана со “истрагата за нападите во Париз”, пренесува AFP.

Според првичните извештаи, беше објавено дека најмалку еден полицаец бил ранет кога на специјалните сили бил отворен оган, но „Ројтерс“ јави дека се ранети уште тројца, а како извор ја наведе локалната полиција.

Двајцата напаѓачи кои биле во куќата и избегале на полицијата. Еден е „неутрализиран“, а за другиот се` уште не се знае ништо. Полицијата ја затворила населбата Форест и соседните населби, а полициски хеликоптер го надгледува местото на нападот.

„Таму има околу 20 полициски автомобили. На лице место пристигнаа и оклопни возила, сите полицајци имаат пушки во рацете“, известува RTL повикувајќи се на сведоци.

Белгиските власти и понатаму трагаат по Салех Абделаслам, главниот осомничен за нападите во францускиот главен град на 13 ноември минатата година, во кои беа убиени 130 луѓе, како и по неговиот соработник Мухамед Абрини од бриселската област Моленбек.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1