Група од стотина, главно млади луѓе и од другите скопски населби веќе се собраа на местото на убиството во близина на очната клиника. Полицијата ги блокира приодите кон населбата
Стотина млади жители на Ѓорче Петров пред околу еден час околу 19 часот повторно протестираат поради убиството на Ангел Петковски. Забележливо е зголемено присуство на полициските сили, а засега протестот е мирен.
Денеска министерката за внатрешни работи, градоначалникот на Ѓорче Петров и многу организации и граѓани повикаа да не се потпаѓа на провокации
Video/Foto – Netpress