Шокантно видео од БиХ: Децата врескаат – полицијата го тепа дедо им бидејќи бара храна


По катастрофалните поплави, граѓаните се борат да дојдат до храна, вода и основни намирници.

bara hranaГолема помош од сите страни деновиве пристигнала во Маглај, но истата никако да стигне до несреќните граѓани.

Вознемирувачко и шокантно видео е поставено на Јутјуб од Маглај на кое се гледа како еден граѓанин моли за храна велејќи дека децата и внуците се гладни и немаат што да јадат.

Кога пристигнал на еден од главните пунктови за хуманитарна помош во Маглај, на овој човек му било речено дека нема храна на што тој се побунил тврдејќи дека од магацинот штотуку излегло возило полно со намирници.

Полицијата морала да интервенира и се обидела насилно да го тргне овој човек кој поради револт со својот автомобил го блокирал влезот во магацинот.

Жителите на овој град тврдат дека во Маглај пристигнала огромна количина на помош, но некои луѓе се обидуваат да ја искористат за лична корист.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1